|
|
|
|
Што е Euro NCAP?

Здружението
Euro NCAP (European New Car
Assessment Program) е основано во 1997
година, и има за цел обезбедување на
неазвисна и реална проценка на сигурносните
карактеристики на најпопуларните автомобили
кои се продаваат во Европа. Како независна
европска организација, здружението Euro NCAP
зад себе има поддршка од пет европски влади,
Европската Комисија како и автомобилски и
потрошувачки организации од земјите на
Европската Заедница.
Благодарение на својата квалитетна работа
насочена кон обезбедување на информации
првенствено на купувачите на нови
автомобили, Euro NCAP успеа да издејствува
повисоки сигурносни стандарди при
конструкцијата на нови модели. Во тестовите
кои ги спроведува Euro NCAP спаѓаат
Фронтален судир, Страничен удар, Ненадејно
излетување на пешак и заштита на главите на
патниците.
Како тестира Euro
NCAP?

Euro NCAP ги тестира возилата на начин на кој се мери
сигурноста на возачот и патниците во
возилото. Податоците добиени на тестовите на
Euro NCAP се врзани со
одреден модел и година на производство на
истиот, како и годината во која е извршен
тестот Euro NCAP
на односното возило. Наведените податоци за
од информативна природа.
Добриот резултат постигнат во овој
изискувачки тест важи како потврда за
квалитетот за висока сигурност за патниците
во светкси рамки. Сигурноста на патниците се
оценува во три номинирани тестови во кои, во
вкупен збир, возилата можат да освојат 37
поени.
Со првиот тест се оценува однесувањето на
возилата во фронтален судир. Тестното возило
удира со брзина од 64 км/ч во неподвижна
деформирачка препрека. Експериментот
симулира странично свртен фронтален удар на
два автомобила, кој е воедно и најчест тип
на несреќа (максимум 16 поени).
Со вториот тест се проценува страничен удар.
Во возило во мирување удира подвижна
препрека тешка 950кг, со брзина од 50км/ч.
Притоа, средината на препреката е насочена
кон возачот. (максимум 16 поени)
Дополнителниот тест на Удар во столб е
воведен во 2001 г. за возила со странична
конструкција за заштита на главата.
Автомобил монитран на санки удира со брзина
од 29 км/ч странично во хоризонтален челичен
столб. Предуслов за овој тест е максимален
број на поени освоени во страничниот тест.
Дополнителните поени се добиваат доколку
возилото има предупредувачки звучен сигнал
кој се активира ако патниците не се врзани.
За предупредувачкиот сигнал вграден на обете
предни и задни седишта можно е да се освојат
до 3 поени. Возилото кое ќе освои вкупно 32,
5 поени добива највисока оценка од 5
ѕвездичкиԮ
|
| одржувајте растојание | брзина|
Без брзање, само внимателно!
- Една од две сообраќајни несреќи завршуваат со смрт поради преголема или несоодветна брзина.
- Визуелната перцепција се намалува со зголемувањето на брзината: визуелниот опсег е 100° на 40 км/ч, а 30° на 130 км/ч. Што повеќе слики добива мозокот, тоа потешко станува да се анализираат сите информации.
- Со зголемување на брзината, се зголемува и можноста за фатален исход: во случај на фронтален судар при брзина од 80 км/ч- дури и со врзани ремени- скоро и да нема шанса за преживување. Ако удрите пешак со брзина од 40км/ч, постојат 80% шанси да го усмртите; при брзина од 60 км/ч, пешакот нема шанса за преживување.
- Со зголемување на брзината, се зголемуваат шансите за грешка и се изморувате побрзо. Со зголемување на брзината, тркалата се помалку прилепени за површината на патот, и се зголемува потрошувачката на гориво.
- 10% намалување на брзината предизвикува 10% помалку лесни сообраќајни несреќи, 20% помалку сериозни несреќи, и 40% помалку несреќи со смртни последици.
- Со возењeтo побрзо, не добивате многу повеќе време: за растојание од 100 км, и брзина од 140 км/ч наместо 120, добивате само 5 минути повеќе. Дали навистина вреди?
|
Без брзање, само внимателно!
|
|
| одржувајте растојание | брзина|
Безбедносен совет на неделата: одржувајте растојание
Овонеделниот совет за безбедност е: „Безбедно растојание“: растојанието помеѓу автомобилите кое е потребно за безбедно сопирање во случај на ненадејно сопирање.
- Скоро 1 несреќа од 2 е последица на задни удари или верижни судари. Тоа се случува поради премало безбедносно растојание помеѓу возилата.
Безбедносно растојание= растојанието кое е потребно за да сопрете= растојание за реакција + растојание за сопирање.
- Возач со малку искуство поспоро ја одбира информацијата која му е потребна за да ја донесе својата одлука: дури и со добри рефлекси, неговото време за реагирање е околу 2 секунди. Се разбира, ова време се продолжува со алкохол, лекови или замор.
Одржувајте го безбедносното растојание. sigurnost.com.mk
- За да можете да направите добра проценка, мора да одржите безбедносно растојание од автомобилот пред вас:
На пат: избројте 2 секунди од моментот кога автомобилот пред вас ќе одмине една фиксна точка, до моментот додека вие не стигнете до истата.
На автопат: референтно растојание е должина од два простори за застанување (= 90 m).
- Растојанието за сопирање зависи од состојбата на патната површина и состојбата на возилото. Тоа е пропорционално со брзината на квадрат: при 90 km/h, тоа е 9 пати поголемо отколку на 30 km/h.
Одржувајте го безбедносното растојание. sigurnost.com.mk
- Со добри сопирачки, на сув пат и со време за реагирање од 1 секунда:
> при 30 km/h, потребни ви се 13м за да сопрете
> при 50 km/h, 28 m
> при 90 km/h, 70 m
> при 120 km/h, 120 m
Разбирате колку е долго ова растојание. Единствено решение е да го одржувате безбедносното растојание.
- Системот ABS не го намалува безбедносното растојание. Системот спречува да се блокираат тркалата (на сува површина) и овозможува контрола на возилото. Така што, дури и со возило опремено со ABS, одржувајте безбедно растојание. |
|
|
|
|