|
|
|
|
| одржувајте растојание | брзина|
Безбедносен совет на неделата: одржувајте растојание
Овонеделниот совет за безбедност е: „Безбедно растојание“: растојанието помеѓу автомобилите кое е потребно за безбедно сопирање во случај на ненадејно сопирање.
- Скоро 1 несреќа од 2 е последица на задни удари или верижни судари. Тоа се случува поради премало безбедносно растојание помеѓу возилата.
Безбедносно растојание= растојанието кое е потребно за да сопрете= растојание за реакција + растојание за сопирање.
- Возач со малку искуство поспоро ја одбира информацијата која му е потребна за да ја донесе својата одлука: дури и со добри рефлекси, неговото време за реагирање е околу 2 секунди. Се разбира, ова време се продолжува со алкохол, лекови или замор.
Одржувајте го безбедносното растојание. sigurnost.com.mk
- За да можете да направите добра проценка, мора да одржите безбедносно растојание од автомобилот пред вас:
На пат: избројте 2 секунди од моментот кога автомобилот пред вас ќе одмине една фиксна точка, до моментот додека вие не стигнете до истата.
На автопат: референтно растојание е должина од два простори за застанување (= 90 m).
- Растојанието за сопирање зависи од состојбата на патната површина и состојбата на возилото. Тоа е пропорционално со брзината на квадрат: при 90 km/h, тоа е 9 пати поголемо отколку на 30 km/h.

- Со добри сопирачки, на сув пат и со време за реагирање од 1 секунда:
> при 30 km/h, потребни ви се 13м за да сопрете
> при 50 km/h, 28 m
> при 90 km/h, 70 m
> при 120 km/h, 120 m
Разбирате колку е долго ова растојание. Единствено решение е да го одржувате безбедносното растојание.
- Системот ABS не го намалува безбедносното растојание. Системот спречува да се блокираат тркалата (на сува површина) и овозможува контрола на возилото. Така што, дури и со возило опремено со ABS, одржувајте безбедно растојание. |
|
| одржувајте растојание | брзина|
Без брзање, само внимателно!
- Една од две сообраќајни несреќи завршуваат со смрт поради преголема или несоодветна брзина.
- Визуелната перцепција се намалува со зголемувањето на брзината: визуелниот опсег е 100° на 40 км/ч, а 30° на 130 км/ч. Што повеќе слики добива мозокот, тоа потешко станува да се анализираат сите информации.
- Со зголемување на брзината, се зголемува и можноста за фатален исход: во случај на фронтален судар при брзина од 80 км/ч- дури и со врзани ремени- скоро и да нема шанса за преживување. Ако удрите пешак со брзина од 40км/ч, постојат 80% шанси да го усмртите; при брзина од 60 км/ч, пешакот нема шанса за преживување.
- Со зголемување на брзината, се зголемуваат шансите за грешка и се изморувате побрзо. Со зголемување на брзината, тркалата се помалку прилепени за површината на патот, и се зголемува потрошувачката на гориво.
- 10% намалување на брзината предизвикува 10% помалку лесни сообраќајни несреќи, 20% помалку сериозни несреќи, и 40% помалку несреќи со смртни последици.
- Со возењeтo побрзо, не добивате многу повеќе време: за растојание од 100 км, и брзина од 140 км/ч наместо 120, добивате само 5 минути повеќе. Дали навистина вреди?